КОБНА СООБРАЌАЈКА во Прилеп однесе човечки живот
Ноќеска, еден час по полноќ во тешка сообраќајка незгода животот го загуби една жена .
До кобната сообраќајка дошло кога возило марка “опел астра“ од непознати причини удрило во огрдата на малиот мост на Градска Река, кај Сточното Пазариште во Прилеп и паднало во реката.
Жената која загинала на лице место била сопатничка и жена на возачот и е на возраст од 35 години.
45-годишниот маж пак веднаш е префрлен во градската болница во Прилеп.
Се очекува резултатите од обдукацијата на загинатата да ги утврдат причините за смртта.
Слично
