КОБНА СООБРАЌАЈКА КАЈ ТЕТОВО со мотоцикл однесе два млади животи
Два млади животи однесе сообраќајната незгода што синоќа се случи околу 20 часот во близина на бензинската пумпа „Петрол Компани“ на автопатот Тетово – Скопје.
Според официјални полициски податоци лицето што го управувало мотоциклот загубило контрола при што излетале од патот и заедно со својот сопатник починале.
Смртно настраданите две лица биле на возраст од 20 и од 25-години.
Увид на местото извршиле екипи на полицијата и јавниот обвинител, па најверојатно до утре ќе се знаат сите детали.
Слично
