Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коалицијата За подобра Македонија на 5 јуни оди на избори, ја повикуваат опозицијата да учествува

Коалицијата За подобра Македонија на 5 јуни оди на избори, ја повикуваат опозицијата да учествува

Изборите ќе се одржат на 5-ти јуни, истакнаа денеска од Коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие ја повикаа опозицијата да учествува на изборите. Според нив, нема и не може да има каква било дискусија околу датумот на изборите кој е одлучен од Собранието на Република Македонија и загарантиран со Устав и закон.

„Во тој правец избори ќе има на 5 јуни и ги охрабруваме сите актери, сите политички партии во Република Македонија активно да се ангажираат, да учествуваат, да ги убедат граѓаните дека нивната опција е најдобрата и конечно да ги спроведеме изборите и да се концентрираме на тоа што е најзначајно за граѓаните на Република Македонија во следниот период“- изјави Никола Попоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи.

Изборите се единствено решение за излез од политичката криза, сметаат од Коалицијата За подобра Македонија.  Од Коалицијата велат дека од моменталната состојба во државата трпат стопанството и граѓаните. Додаваат дека партиите кои сакаат да избегаат од избори се плашат од соочување со народот. Програмата на Коалицијата За подобра Македонија е при крај и ќе биде промовирана за неколку дена.

Слично

Поврзани вести