Економија, финансии, бизнис

Контакт

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

Професорката Ана Чупеска, реагира на информацијата за затварањето на трезорот на 15 декември. Според неа, тоа не е домаќинско работење.

„КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА!

Затворањето на трезорот на 15-ти декември е јавно признание за финансиски крах, а не мерка за „дисциплина“! За првпат во модерната историја на Македонија, Владата става катанц на Буџетот уште на средина на месецот. Ова не е домаќинско работење, ова е класичен доказ за неликвидност која власта се обидува да ја покрие со евтини манипулации. Додека Мицкоски денеска фрла вина врз институциите (кои, самиот ги води и чии директори самиот ги постави), граѓаните и фирмите остануваат во неизвесност пред Нова година.

Доцнат плати во јавниот сектор.

Доцнат социјални трансфери.

Hа 15-ти декември – се запира сè!

Кога Трезорот се затвора на половина месец, тоа значи само едно: државата е доведена пред БАНКРОТ, а само премиерот сè уште нема собрано храброст тоа да ви го каже во очи.“ напиша таа.



Слично

Поврзани вести