Економија, финансии, бизнис

Контакт

Клубот ,,Сектор 909″ се затвори – сопствениците тврдат дека незаконски им ја одзеле лиценцата

Клубот ,,Сектор 909″ се затвори – сопствениците тврдат дека незаконски им ја одзеле лиценцата

Летниот ноќен клуб ,,Сектор 909" во Скопје овој викенд престанува со работа. Сопствениците тврдат дека властите незаконски им ја одзеле лиценцата за работа, по долгогодишни притисоци од инспекциите.

,,Сектор 909 сака да ја извести јавноста и својата публика која е континуирано со нас во изминативе 15 години дека одредени групации здружени на политичка и бизнис основа прават натчовечки напори за да го задушат и уништат урбаниот ноќен живот во Скопје, притоа непочитувајќи ги сите закони и неводејќи сметка за општествениот културен живот и придонес кој клубот го има како нераскинлив дел од Скопје.

Во изминатиот период од овие групации третирани сме како пречка во остварување на личните финансиски интереси на поединци кои прават се за да згасне она што на Скопје му е потребно и го заслужува - ноќен живот кој го доближува до европските метрополи. '' - се вели во нивото соопштение.

Сопствениците велат дека лиценцата им е одземена пред истекот на важноста и без никакво објаснување.

Слично

Поврзани вести