КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР НЕМА ДА БИДЕ ИСКЛУЧЕН ОД СТРУЈА, премиерот Ковачевски тврди дека средства за должниците се обезбедени
Долгот на државните претпријатија и институции кон ЕВН, за кој компанијата се закани дека ќе ги исклучи ќе биде подмирен откако прераспределбата на средствата ќе го помине собранискиот филтер.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска потенцираше дека Клинички центар, кој се јавува како еден од должниците кои имаат голем долг кон ЕВН нема да биде исклучен од струја. Тој воедно посочи дека струја се испорачува и до МЖ Транспорт.
- Нема да биде исклучен Клинички центар од струја... Веќе и транспортен центар е вратен, има струја. Владата предвиде средства со последната предраспределба на буџетот, која е доставена до буџетот, штом прераспределбата ќе биде направена во Собрание, по што ќе може да се префрли на ставка за да се платат долговите на должниците. Значи штом е одобрена во Собрание, веднаш ќе може да се платат долговите. Како на клинички центар, така и на МЖ Транспорет и на сите должмници. Рокот е Собранието да ја одобри прераспределбта, се надевам на поскорешно изгласување на прераспределбата, за да се исплатат долговите - појасни Ковачевски.
За потсетување денеска беше исклучено МЖ Транспорт од струја, поради што сите железнички линии беа во прекин.
ЕВН претходно информираше дека на Клинички центар и МЖ Транспорт им се заканува исклучување поради надминување на долгот.
Претходно низ медиумите беше најавено дека поради големи долгови за неплатени сметки за електирчна енргија кон компанијта ЕВН, во ризик да останат без струја се и затвори, факултети, судови...
Премиерот Ковачевски се осврна и на цената на енергија која ја плаќаат граѓаните посочувајќи дека истата зависи од одлуката на Регулаторна комисија за енергетика која се формира по доставени трошоци од сите чинители.
- Ако зборувате за цената на енергијата по која државната компанија го продава на ЕСМ зависи од трошоци на производство и од економијата на обем која ја постигнува. Сега се прават калкулации и дискусии на релација на задолжени министерства и инсититуции во поглед на формирање на цената за идната година, за прво полугодие... клучно е што ЕСМ не произведува само за ЕВН Хоум, туку и за загибите во мреќата, за дистрибуција, не може да се каже сега која ќе биде цената на ЕСМ... туку се работи за три финални дела врз основа на кои ќе се формира цена за граѓаните. Она што е клучно за граѓаните е секако цената по која тие ќе ги плаќаат сметките, за што гарантирам дека нема да биде шок, дека нема да им биде дополнителен терет. Ние ќе бараме зголемено поизодство за да нема шок во цената, но и да има поголемо произодство и за компаниите од јавен интерес - посочува Ковачевски.
