Економија, финансии, бизнис

Контакт

Промени во Надзорниот одбор на „Винер“

Промени во Надзорниот одбор на „Винер“

Климе Попоски поранешниот претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето е нов независен член на Надзорниот одбор на осигурителната компанија Виена Иншуренс Груп, известија од компанијата.

Попоски беше прв човек во институцијата која ја регулираше оваа индустрија до ноември 2019 година кога му истече вториот петгодишен мандат како претседател на Советот на експерти. Во Надзорниот одбор, како што известија од Винер, освен Попоски остануваат Габор Лехел кој е претседател на Одборот, Зоран Димов, независен член и Филип Бардас член на Надзорниот одбор. 

„Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје изврши упис на нов независен член на Надзорниот одбор на Друштвото. Согласно одлуката за назначување на нов член на Надзорниот одбор на друштвото донесена од Собранието на друштвото се именува Климе Попоски за нов независен член на Надзорниот одбор на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје, извести компанијата во информацијата до Македонска берза.

Претходно во Централниот регистар е извршена измена на податоците во Тековната состојба на акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп со која се менува Статутот на друштвото и се зголемува бројот на членови во Надзорниот одбор од три на четири членови.

А.Т.

Слично

Поврзани вести