Климатските промени се проблем само за развиениот свет?!
310 илјади луѓе излегоа на улиците во Њујорк неодамна во пресрет на самитот на ОН во врска со климатските промени. Тоа беше најголемиот регистриран организирано настан поврзан со климатските промени, и секако им даде повод за размислување на луѓето, бидејки никој не е заинтересиран за климатските промени.
Луѓето сепак изгледа се заинтересирани за климатските промени, кога можат да си ги дозволат, покажува истражувањето на ОН. Резултатите од анкетираните 5 милиони луѓе досега покажуваат дека оние кои живеат во развиени земји, делото на активностите против климатските промени го ставаат на 9-то место меѓу 16-те најважни приоритети по заштита од криминалот и пред еднаквоста помеѓу мажите и жените.
Колку по заостаната е земјата на испитаниците, толку назад во нивната листа се рангираат климатските проблеми како приоритет. Меѓу луѓето кои живеат во земјите со најнизок развој, активностите за спречување на климатските промени се на последно место.
Загрижувачки сепак, е дека борбата против климатските промени останува на последно место при прегледот на вкупните резултати од сите испитаници.
Како најдобро загрижена за климата на планетата се појави групата на жените над 61-годишна возраст, кои имаат високо образование и живеат во високо развиени земји. Во исттите држави луѓето со основно образование ги дефинираат активностите за спречување на климатските промени како свој11-по ред приоритет.
Заклучокот од резултатите е дека климатските промени сепак спаѓаат меѓу главните приоритети на населението на Земјата, но последното нејзино место на листата е едвај доволно за преземање на така потребните промени во областа.
К.К.
Слично
