Климатските промени ќе „земат“ пола милион животи до 2050
Климатските промени ќе доведат до смртност на половина милион луѓе во светот до 2050 година, предупредуваат експерти.
Според прогнозите смртноста ќе биде како резултат на болести како што се мозочен удар, рак и срцеви заболувања, а воедно достапноста на храната ќе се намали за третина до 2050 година, пишува медицинското списание Lancet.
Климатските промени би можеле да доведат до намалување на 4 отсто од потрошувачката на овошје и зеленчук.
Земјите со низок и среден приход, земји во регионот на Западен Пацифик и Југоисточна Азија, најверојатно, ќе бидат најтешко погодени, а речиси три четвртини од сите смртни случаи поврзани со климатските промени се очекува да се случат во Кина и Индија.
Во Европа, Грција и Италија, најверојатно ќе бидат најзасегнати, со 124 или 89 смртни случаи на милион луѓе.
Намалувањето на емисијата на штети гасови би можело да има позитивно влијание врз здравјето на луѓето и да се намалат смртните случаи кои се прогнозираат.
Слично
