КЛИЕНТИТЕ ЕНИГМА, КЕШОТ ИСПРАН: Како се одлеани 5 милијарди долари од МК?
Најновиот извештај на „Глобал фајненшл интегрити“ кој открива дека за девет години на нелегален начин од Македонија се изнесени над 5,1 милјарди долари, го отвора прашањето какви се механизмите за следење на финансиските трансакции во земјава. Дел од експертите посочуваат дека институции има но само формално, со капацитет под минимумот. Според претседателката на „Транспаренси интренешнал” Слаѓана Тасева, иако има законодавна и правна рамка, сепак имаме слаб систем за следење на нелегалните финансиски одливи од земјава. Дополнително според Тасева, проблем претставува и тоа што од законите се изземени политички експонираните лица.
-Имаше измени на законите но тие измени се спротивни на меѓународните стандарди. Од законите се изземени политички експонираните лица како лица за кои што треба задолжително да се следат трансакциите, тое недозволиво, оти тие секаде во свет се под контрола. Законодавна и правна рамка која што овозможува следење на финансиските текови постои. Постојат и надлежни институции но постои проблемот на нивната неефикасност и нефункционирање онака како што треба.Кога зборуваме за институционален капацитет зборуваме за постоење на иснтитуција,за човечките капацитети е што е потребно. Во Македонија има институции но проблемот е што тие се запоставени. Во тие институции ние подолго време не сме виделе напредок во однос на човечките рессурси, имаат застарена информатичка технологија, немаат истражување на новите метогдологии што се користат за следење на овие финансиски трансакции. Сметам дека нашите институции постојат само формално а нивниот капацитет е мислам и дури под минимумот што е неопходен за да се извршува како што треба работат.Тоа е посочено и во последниот извештај на Европската Комисија во кој се посочува дека е неопходно да се зајакнат капацитетите за ефикасни финансиски истраги што нас во моментов ни претставува сериозен проблем, вели Тасева.
Инаку се работи за истражување што се прави врз база на собрани податоци за меѓународна размена и платен биланс, што ги објавува Меѓународниот монетарен фонд, преку проценка на украдени пари преку криминал, корупција и разни начини на даночна евазија. „Глобал фајненшл интегрити“ e непрофитна организација која подготвува истражувања и анализи за нелегалното одлевање на пари и дава препораки за спречување на перењето на пари. Основана е во 2006 година во Вашингтон.
Пари се одлевани преку Скопје 2014?
Истражувањето во извештајот покажува дека нелегалните финансиски одливи од Македонија во просек годишно изнесувале 516 милиони долари, поради што ГФИ Македонија ја рангира на 88-то место. Анализирано по години од 2004 до 2013-та година, на нелегален начин преку разни финансиски трансакции најмногу „црни пари” се испумпале во 2008 година или 928 милиони долари, и во 2011-та година кога незаконски се изнесени од земјава 834 милиони долари.Најголем дел од пари или 97 отсто се испрани преку лажни фактури. Според Тасева се отвора прашањето зошто овие суми се намалуваат во 2013-та година, но и зошто најголемите нелегални финансиски одливи се случиле во 2008-та и во 2011-та година.
-Податоците покажуваат одреден пад на овие суми во 2013-та година, не е познато зошто , дали на евентуално зајакнување на механизмите за контрола или пак на некаква пшретпазливост или менување на начинот на изнесување на парите за да тоа не може да се следи. Сметам дека треба да се направи истражување зошто во 2011 година финансиските одливи се најголеми, а истото се случува и во 2008 година. Токму овие две години се и периодите кога започна реализацијата на проектот СКопје 2014. Ние постојано предупредувавме токму преку овој проект се переа пари, и големи суми од тие пари се одлеаја надвор од Македонија, вели Тасева.
Познавачите коментираат дека незаконски стекнатите пари вообичаено завршуваат во т.н офшор земји како Белизе, Сејшели, Лугано,Панама, од причина што тие земји немаат обврска да ги кажат вистинските сопственици на банкарските сметки или кој се има регистрирано фирми.
Од земјите во регионот, Србија е на 35-то место со одлевање на 4 милијарди долари во просек годишно, Хрватска е на 40-то место со 3,5 милијарди долари на годишно ниво, на 105-то место е Црна Гора со 257 милиони годишно, а Албанија е на 118 со 123 милиони долари годишно.
Деветте клиенти од Македонија со швајцарски сметки и натаму енигма
На почетокот на годинава истражувањето на Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство, обелодени дека 9 клиенти кои се поврзуваат со Македонија чуваат 164 милиони долари на 15 сметки во швајцарската банка “ХСБЦ”. Само еден од нив има 55 милиони долари во швајцарската банка. Според податоците до кои дошол тимот на новинари еден од деветте клиенти поседува македонски пасош или државјанство, додека останатите осум се поврзани со земјава. Во остсутво на официјални информации, домашанта јавност шпекулираше со имиња на познати лилчности. Случајот во јавноста се обелодени во февруари годинава, а во мај Јавното обвинителство отвори предмет по допрен глас по објавувањето на натписите во медиумите за постоење на сметки на македонски државјани во банка во Швајцарија, и дека истите се користени за даночно затајување. Но од тогаш досега нивните имиња обвинителството не излезе со информација, а имињата на клиентите не се дознаа. Во последното сооштение Јавното обвинителство посочи дека „Предметот е се уште во процес на меѓународна правна помош, односно Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги очекува бараните податоци и информации што се од значење за понатамошното постапување”.
Годинава Швајцарија ја усвои законската регулатива со која се овозможува размена на даночни инфрмации, со што се отвори можноста за обелоденување на имињата на лицата за кои постои сомнеж дека преку швајцарски банки затајувале данок. Со усвојувањето на законот, швајцарските даночни служби имаат обврска активно и спонтано да се вклучат во соработка со колегите од другите држави, а повеќе внимание да посветуваат не само на поединечни случаи, туку и на сомнителните клиенти.
Р.Ф
Слично
