Кличко – од боксер до претседателски кандидат?
Украинскиот опозициски лидер Виталиј Кличко најави дека има намера да се кандидира за нов украински претседател по разрешувањето на Виктор Јанукович.
Кличко, лидер на опозициската партија УДАР, има намера да излезе на изборите закажани за 25 мај, на кои претходно најави дека ќе се кандидира и поранешната премиерка Јулија Тимошенко.
„Целосно сум убеден дека во Украина мора да бидат променети правилата на игра. Мора да владее праведност, знам дека тоа е можно“, изјави поранешниот украински боксерски шампион.
Претседателската функција е највисока во државата согласно украинскиот Устав. И екс-премиерката Тимошенко, која тукушто излезе од затвор најави дека има намера да се кандидира, но најпрвин ќе замине на лекување во Германија. Сепак, реакциите во редовите на украинската опозиција се поделени во врска со најавите за враќање на Тимошенко на политичката сцена, откако таа одговараше за обвиненија за корупција.
В четврток, во Украина треба да биде избрана и новата влада на национално единство. Претседателската функција во Украина во моментов ја извршува претседателот на Парламентот Олександр Турчинов.
Слично
