Клаус Реглинг: Европа е загрижена за Италија
Директорот на Европскиот механизам за стабилност Клаус Реглинг изрази загриженост во врска со политичката ситуација во Италија, каде што актуелниот премиер Марио Монти ја објави својата неотповиклива оставка и враќање на поранешниот премиер Силвио Берлускони во политиката.
„Италија има оваа година започнато важни реформи. Пазарите досега реагираа позитивно, но покажаа загриженост по настаните од минатата недела“, изјави тој за Зидојче цајтунг.
Одговарајќи на последните најави од Монти и Берлускони, Реглинг смета дека сега е најважно Рим да продолжи со реформите во интерес на цела Италија и еврозоната.
Монти во саботата ја објави својата "неотповиклива" одлука да поднесе оставка откако ќе помине гласање за новиот буџет на крајот на годината. Тој ваквата одлука ја носи бидејќи на грајот на годината пазарите се затворени, па ќе се спречат непријатните реакции.
Во врска со позајмување на Грција пак, директорот на Европскиот механизам за стабилност соопшти дека се противи на намалување на каматните стапки.
„Ако стапките се уште паѓаат, земјите-членки ќе треба разликата да ја надокнадат од страна на нивните национални буџети", предупреди Реглинг додавајќи дека не постои друга можност.
Слично
