Економија, финансии, бизнис

Контакт

КЛАТИ ВРАТА, ЗИМАЈ ПЛАТА: Работата во државната администрација најпривлечна и најплатена а најнестручна

КЛАТИ ВРАТА, ЗИМАЈ ПЛАТА: Работата во државната администрација најпривлечна и најплатена а најнестручна

Се почести се случаите во кои нестручноста и некомпетентноста на вработените во државната администрација ги иритира граѓаните. 

Познат е фактот дека за да влезеш на работа во секторот приоритет ќе биде да имаш партиска книшка отколку да бидеш квалитетен и способен.

Токму овие факти ги потврди последната анкета на за работата на државната и јавната администрација изработена од  невладината организација “Центар за управување со промени“, со поддршка на британската амбасада во Скопје.

Имено, резултатот од анкетата покажува дека граѓаните се незадоволни од работата на администрацијата која не е доволно компетентна, стручна и запознаена со суштинските проблеми на граѓаните.

Во државниот сектор работата отсекогаш била најпровлечна бидејќи платите скогаш биле повисоки отколку кај приватниот сектор, обемот на работа е помал, а работата ви е сигурна.

80 отсто од граѓаните се на мислење дека за да добиеш работа во јавна институција е потребна партиска книшка, а 43 отсто  сметаат дека не се потребни отпуштања на вработените, туку треба само нивно усовршување и дообука .

40 отсто од испитаниците рекле дека начинот на вработување во државна институција е некоректен и неправеден.

Кое е вашето мислење по ова прашање, можете да ни пишете во коментар под самиот текст на фејсбук страницата.

Слично

Поврзани вести