Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ТРПАТ ЗАГУБИ: Koронавирусот ќе „удри“ по производителите на овошје и зеленчук

ЌЕ ТРПАТ ЗАГУБИ: Koронавирусот ќе „удри“ по производителите на овошје и зеленчук

Големи загуби ќе имаат производителите на овошје и зеленчук.

Организацијата за храна и земјоделство при ОН, (ФАО) го соопшти денеска овој податок. 

Иако цените на некои производи се зголемуваат, особено оние за кои се смета дека го зајакнуваат имунитетот како лимоните и лукот, другите се намалуваат. 

„Овошјето и зеленчукот подлежат на брзо расипување и треба да стигнат до пазарот што е можно побрзо. Како и да е, трговските можности се ограничени, затоа што се во синџирот на вредности се распадна, пазарите се затворија, земјите ограничија преминување граници, пристаништата се затворија, трошоците за транспорт се зголемија“ – вели економистот на ФАО, Андриј Jармак.

Наведува дека сега клучен е пристапот до информации за пазарот во реално време.

Светот очекува што поскоро да се изнајде вакцина против опасниот вирус. 

Досега во светот се заразени над 5.5 милиони луѓе. 

Месото, млекото, шеќерот, маслото во светот сега имаат пониски цени. Ова го покажаа податоците објавени на почетокот на мај. 

Слично

Поврзани вести