Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ТОЧИМЕ ПОСКАПИ БЕНЗИНИ ЗА ПОЛОВИНА ДЕНАР - дизелот со иста цена

ЌЕ ТОЧИМЕ ПОСКАПИ БЕНЗИНИ ЗА ПОЛОВИНА ДЕНАР - дизелот со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво од минатата недела.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит и од вечерва на полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,00 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 62,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,251 ден/кг и ќе изнесува 26,531 ден/кг.

Со оваа одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,52 % во однос на одлуката од 24.08.2020 година .

Од 01.09.2020 година максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  60,00(денари/литар)

Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС -98  62,00(денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  52,00(денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  51,50(денари/литар)

Мазут М-1 НС  26,531(денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на бензинот на светскиот пазар бележат зголемување за 2,533%, кај дизелот има намалување за 1,317%, кај екстра лесното масло се регистрира намалување за 0,014%, додека кај мазутот има зголемување за 0,737% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,558%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 01.09.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Слично

Поврзани вести