Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе стартува шопингот во Грција

Ќе стартува шопингот во Грција

Ќе стартува шопингот во соседна Грција. 

Од утре повторно се отвораат трговските центри и моловите, но под истите правила под кои работи и малопродажбата, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопшти генералниот секретар од Министерството за развој на Грција Панајотис Стамбулидис, на денешната прес конференција, моловите исто како и продавниците, ќе работат само со услугите „click inside“ и „click away“, односно посета на продавница по претходно закажан термин или подигнување на направена нарачка, а задолжително е и испраќање смс порака, со времетраење од три часа за шопинг.

Од понеделник селф тестовите, односно брзите тестови за домашна употреба ќе бидат задолжителни еднаш седмично за вработените во јавните служби, но и за свештените лица. 

Угостителските објекти ќе се отворат само во надворешните делови на 3 мај.

Масите ќе треба да бидат на растојание од 0,9 до 1,8 метар, во зависност од поставеноста на столчињата, дозволени се до шест лица на една маса, само седнати, забрането е стоење, на масите задолжително треба да има антисептик, а угостителските објекти ќе бидат затворени за време на полицискиот час од 23 до 5 часот наутро.

Над 10.000 полицајци во цела Грција се ангажирани за контрола на мерките за забрана за движење меѓу региони и патување од еден во друг град во пресрет на Велигден. 

Слично

Поврзани вести