Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Ќе станеме магнет за инвеститори ако добиеме датум за преговори со ЕУ“

„Ќе станеме магнет за инвеститори ако добиеме датум за преговори со ЕУ“
Србија ќе стане магнет за инвеститори, порача српскиот премиер Ивица Дачиќ, доколку добие датум за преговори со ЕУ. За РТС тој ја оцени како успешна посетата на САД. „Очекувам поддршка во политичка и економска смисла. Оваа недела претседателот  Николиќ патува во Русија, од Германија добивме ветување за инвестиции од милијарда евра, сакаме инвеститори од арапските земји, од Кина, Јапонија. Важно е да имаме активен однос“, рече Дачиќ. Тој повтори дека добивањето датум за преговори со ЕУ е многу важно, и дека за тоа разговарала и со американскиот потпретседател Бајден. „По датумот ќе станеме магнет за инвеститори“ рече Дачиќ и додаде дека во Обединетите Емирати постојано го прашувале кога Србија ќе се приближо кон ЕУ.
Слично

Поврзани вести