Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СТАНЕ ЗБОР И ЗА НАТПРЕВАРОТ ЗВЕЗДА-МИЛАНО - Утре заседава српскиот Кризен штаб, за прв пат по откривањето на британскиот сој

ЌЕ СТАНЕ ЗБОР И ЗА НАТПРЕВАРОТ ЗВЕЗДА-МИЛАНО - Утре заседава српскиот Кризен штаб, за прв пат по откривањето на британскиот сој

Кризниот штаб на Србија ќе заседава утре точно во 9 часот, дознава српски Курир. Ова е прва сесија на кризниот штаб по откривањето на британскиот сој на коронавирусот во Србија.

Агендата ќе вклучува анализа на моменталната епидемиолошка состојба, анализа на процесот на вакцинација, а ќе стане збор и за олеснување на епидемиолошките мерки, особено во светло на претстојниот фудбалски натпревар Црвена Ѕвезда-Милано, што треба да се одигра на 18 февруари пред публика.

УЕФА дозволи трибините да се полнат со 30 проценти, што е околу 17.500 навивачи. А засега, на организиран собир, на отворено се дозволени најмногу 500 лица.

Исто така, заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, претходно изјави дека е за олабавување на работата на угостителските објекти до 22 часот, наместо како што е сега, тие да работат до 20 часот.

фото. Курир.рс

Слично

Поврзани вести