Ќе стане ли “Јужен поток” нелегален?
Европската унија може и официјално да го објави проектот за гасоводот "Јужен поток" за нелегален, станува јасно од предлогот мерки, чија цел е да се ограничи влијанието на руски компании како "Газпром" во европскиот енергетски сектор.
Документот ќе биде разгледан на средбата на лидерите на ЕУ, која ќе се одржи во октомври.
Темата на разговорите ќе биде дали да се наметнат нови санкции на Москва.
Предлогот е да биде донесен закон за заштита на енергетскиот систем на ЕУ од руското влијание. Во подготвениот предлог е запишано уште дека мерките што се нудат, се диктирани од потребата за "ефикасно и доследно спроведување на утврденото во Третиот енергетски пакет".
Бугарија веќе ги запре активностите на проектот по притисок од страна на Брисел. Земјата сепак е една од најзагрозените од нова гасна криза, предизвикана од јазот во односите меѓу Москва и Киев.
Потсетуваме дека од почетокот на 2014 година се водат преговори со Русија на ниво на ЕУ во врска со компатибилноста на "Јужен поток" со европското законодавство. Проектот го нарушува Третиот либерализационен пакет во три точки кои се однесуваат на сопственоста на мрежата, недостатокот на пристап на трети страни до гасоводот и одредувањето на транзитните такси.
Во слична ситуација беше и "Северен поток", но за него Москва побара исклучок од правилата и го доби од Европската комисија. Во однос на "Јужен поток" сепак руската позиција е дека тој е меѓународен проект и нема потреба да соодветствува со европското законодавство.
Во преговорите кои успеаја по анексијата на Крим, Москва постојано коментира дека, во однос на "Јужен поток" ЕК работи против интересите на целата заедница, бидејќи гасоводот ја подобрува, а не ја намалува енергетската безбедност на Европа, заобиколувајќи ја Украина.
Како одговор ЕУ почна да бара начини да ја намали зависноста од рускиот природен гас. Со понудата од "Газпром" се задоволуваат околу 1/3 од потребите од гас на Европа. Околу половина од овие количини се транзитирање во гас мрежа на Украина.
K.K.
Слично
