Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ШТЕДАТ: Србите треба да ја намалат потрошувачката на струја за 15 отсто

ЌЕ ШТЕДАТ: Србите треба да ја намалат потрошувачката на струја за 15 отсто

Соседна Србија донесе препораки за заштеда на струјата за 15 отсто. 

Министерството за рударство и енергетика денеска донесе препораки до државната администрација, единиците на локалната самоуправа, државните претпријатија, стопанството и домаќинствата да ја намалат потрошувачката на струја и топлинска енергија, јави допсиникот на МИА од Белград.

Кога станува збор за домаќинствата, во препораките се предлагаат меѓу останатото и гаснење на светлата, ефикасните начини за користење на бојлерите, веш машините, грејните тела, начините за ефикасно готвење и други.

Кога станува збор за локалните самоуправи, органите на државната управа, државните претпријатија, јавните установи и стопанството, предложените препораки се порационално користење на јавното осветлување, ограничување на употребата на декоративното осветлување на јавните објекти, користење ЛЕД осветлување, замена на дрвенаријата и генерално подобрување на енергетската ефикасност, поставување соларни панели, префрлување од електрично греење на друг тип на греење и користење топлински пумпи, што треба да овозможи намалување на потрошувачката на енергија за 15 отсто во однос на истиот период лани.

Од ова министерство предлагаат препораки до сите јавни претпријатија да направат план за заштеда на потрошувачката, а ЈП во енергетскиот сектор да направи планови за намалување на загубите во дистрибутивната и преносната мрежа.

Претседателот Александар Вучиќ денеска изјави дека властите напорно работат на финансиските мерки што ќе ги предложат за заштеда на струја, додавајќи дека само вчера Србија увезла 4 гигавати струја за 2,4 милиони евра.

Струјата за фирмите поскапе. Владата на Србија денеска му препорача на српското Електростопанство (ЕПС) електричната енергија за комерцијалните клиенти од наредниот месец до крајот на годината да ја продава по цена од 95 евра за мегават час (MWh), без ДДВ.

foto freepik.com/ evening_tao

Слично

Поврзани вести