Ќе се зголемува паричната помош за новороденчиња во Центар
Наместо досегашните 7.000, во иднина за секое новороденче во општина Центар ќе следуваат 9.000 денари паричен надоместок од општината, најавува градоначалникот Андреј Жерновски.
Ова треба да биде второ по ред зголемување на износот на паричниот надоместок за новороденчињата во оваа општина. „Со новиот ребаланс на буџетот планираме овие средства да изнесуваат 9.000 денари. Овој надомест е највисок во Република Македонија“, најави Жерновски.
Од Нова година, општина Центар го зголеми надоместокот за новороденчиња од 5.000 на 7.000 денари. Од почетокот на годината, на 94 новороденчиња им е доделен надоместок по овој основ во општина Центар.
Слично
