Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се зголеми ли старосната граница за пензионирање за една година повеќе?

Ќе се зголеми ли старосната граница за пензионирање за една година повеќе?

Во анализата на  Утрински весник се подготвуваат нови измени за зголемување на возраста за пензионирање и тоа за една година повеќе од сегашните услови, што значи дека старосната граница се зголемува од 62 на 63 години за жените и од 64 на 65 за мажите.

Според пишувањата на утрински весник Предлогот за зголемување на годините за пензионирање, како што дознаваме, доаѓа од Министерството за труд и социјална политика.

Засега никој официјално не ја изнесува оваа информација во јавност но, според утрински сегашната состојба на пензиската каса, но и онаа што со години се провлекува, повеќе од сигурно е дека финансиската состојба во пензискиот фонд станува се' повеќе неодржлива. Финансиската зависност на пензиската каса од државниот буџет од година во година се зголемува, особено по секое зголемување на висината на пензиите. А таа не може да оди во недоглед, па очигледно се наметнува потребата да се зголемат годините за пензионирање или да се бараат други извори на финансирање. Моментно од пензиската каса се исплаќа пензија на околу 280.000 пензионери.

Од Министерството за труд и социјална политика, вчера на нашето прашање, ниту ја потврдија, ниту пак ја отрфрлија оваа информација дека се подготвуваат нови услови за пензионирање. Ексдиректорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Беким Незири, инаку актуелен министер за економија, додека беше на претходната функција велеше дека државата прави се' само да не дојде до зголемување на годините за пензионирање. Тој дури имаше идеја по примерот на турскиот пензиски фонд да отвори пензиска банка која колку-толку финансиски ќе ја помага пензиската каса, пишуваат од утрински. (Извор: Утрински весник)
Слично

Поврзани вести