Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ ЗАМЕНАТ ЛИ ДРЖАВНИТЕ СУБВЕНЦИИ ЗА ПЛАТИ СО БЕСКАМАТНИ КРЕДИТИ - фирмите затечени, власта размислува

ЌЕ СЕ ЗАМЕНАТ ЛИ ДРЖАВНИТЕ СУБВЕНЦИИ ЗА ПЛАТИ СО БЕСКАМАТНИ КРЕДИТИ - фирмите затечени, власта размислува

Наместо мерката да се дава државна помош за исплата на плати, да им се даваат бескаматни кредити за компаниите. 

Односно, наместо досегашните субвенции од 14.500 до 21.770 денари по работник, компаниите ќе имаат на располагање бескаматни кредити со грејс период од 12 месеци и период на отплата од три години со вклучен грант од 30 проценти, доколку се исполнат одредени критериуми. 

Медиумите јавуваат дека оваа идеја денеска им била соопштена на членовите на Социјално – економскиот совет од страна на вицепремиерт Фатмир Битиќи. 

„Првата работа што ја разбравме е тоа дека Владата на еден начин сака поранешната подршка за исплата на плати да ја замени со бескаматни кредити кои под одредени критериуми би се претвориле во грант. Образложанието зошто вака Владата смета, беше дека оваа мерка исцрпува најмногу финансиски средства и најголемиот дел од претходните четири пакети се отидени во оваа мерка“, изјавил Ангел Димитров, прв човек на Организацијата на работодавачи.

Синдикатот претходно децидно побарта пчоддршката за плати да продолжи и парите да одат директно на сметките на работниците.

Од Владата наводно рекле дека ова е само идеја, а токму затоа се прават дебати, за своето мислење да го кажат сите засегнати страни.

Слично

Поврзани вести