Ќе се забрани пушење на грчките плажи?
Можно е наскоро да се забрани пушење на грчките плажи.
Здружението на хематолози поднело иницијатива до властите да се забрани пушењето цигари во парковите, плажите и спортските терени.
Тие веќе реализираат кампања против пушењето на детски игралишта и други јавни површини наменети за најмалите.
„Не пуши, тука си играме“- е слоганот на една од кампањите.
Во Турција веќе се применува ваков закон, со тоа што дел од плажите се поделени за пушачи и непушачи, па дури и за семејства со и семејства без деца.
И Тајланд забрани да се пуши на плажи по поплаките дека на плажите имало купови смет и отпушоци од цигари.
Слични забрани во минатото имало во повеќе земји.
Слично
