Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се вакцинира восјката – професионален војник заболен од „мали сипаници“

Ќе се вакцинира восјката – професионален војник заболен од „мали сипаници“
Вработен во Армијата на Република Македонија од Македонска Каменица е заболен од мали сипаници (морбили) и хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. 36-годишниот војник бил претходно еднаш вакциниран од мали сипаници, а нема податок дека патувал надвор од државата. Неговата состојба е задоволувачка, но здравствените власти преземаат мерки за да се спречи ширењето на оваа високо заразна болест.

Комисијата за заразни заболувања при Министерството за здравство им препорача на  Воено медицинската установа и ГШ на АРМ веднаш да превземат мерки за итна вакцинација на вработените во овој колектив со по една доза на МРП вакцина.

„По еден месец секој од нив да донесе вакцинален статус за претходната состојба со вакцинација против морбили за да се знае дали ќе треба да примат уште една дополнителна доза. Доколку претходно имале примено не е потребна дополнителна доза“, рече д-р Јованка Костовска.

Веднаш ќе се вакцинираат сите кои биле во најблизок контакти со заболеното лице, а понатаму и останатите за да може да се спречи ширење на епидемија на морбили во тој колектив.

Освен ова, здравствените власти препорачуваат да се следат сите вработени во колективот и при најмал сомнеж на можност на клиничка слика за заболен од морбили веднаш да се изолира и да се земе материјал за анализа. И во целата држава се препорачува да се зголеми надзорот на лекарите над сите случаи со исип за можност од појава на морбили, бидејќи вработените во АРМ за викендите се враќаат во градовите каде што живеат и доколку биле во фаза на инкубација може да го прошират заболувањето, нагласи Костовска.

Службите за вакцинација се задолжени да проверат сите деца до 14-годишна возраст доколку имаат пропуштена некоја од вакцините на морбили веднаш да се вакцинираат. Оваа година има четири откриени случаи на морбили во Македонија, што е зголемување, во однос на претходниот период, но тие не можат да се поврзат еден со друг.

 Морбилите се најзаразни пет дена пред исипот и пет дена по исипот. Доколку лицето е заштитено со две дози на вакцина од мали сипаници, не е потребна нова вакцинација, освен во услови на епидемија.

 
Слично

Поврзани вести