Ќе се удвојат директорите во јавните претпријатија
Владеачката коалиција подготвува ново законско решение според кој сите јавни претпријатија под државна и локална управа ќе имаат заменици-директори.
Предлагачи на законот се Александар Кирацовски, Реџаил Исмаили и Благоја Трпевски, а во истиот се вели дека тоа ќе повлече финансиски импликации, односно ќе треба да се обезбеди плата и потребни средства за работа за истите.
Како оправдување се наведува причината дека тоа ќе доведе до поефикасно работење на претпријатијата, односно така нема да се почуствува отсуството на управителот кога тој ќе биде оправдано отсутен.
Замениците би биле веќе вработени во претпријатието и ќе бидат определувани и разрешувани од Управниот одбор под исти законски услови кои важат за директорите.
