Ќе се ставаат ли задолжителни катализатори на постарите автомобили?
Министерствата за економија и за животна средина прават анализи али автомобилите со еколошки стандард Еуро 1 и Еуро 2 ќе мора задолжително да стават катализатори, објави Алсат-М.
Во емисијата „Економски магазин“ министерот за економија Беким Незири открил дека доколку анализите покажат дека загадувањето од овие автомобили е големо, тогаш најверојатно ќе се бара на овие автомобили задолжително да бидат поставени катализатори.
„Поставувањето на филтрите е минимален трошок, но во моето објаснување не бев категоричен дека сме донеле одлука. Во континуитет го следиме загадувањето, и ќе зависи од резултатите што ќе ги добиеме од Министерството за животна средина. Се разбира дека и на министерството за економија главната цел е да се заштити животната средина, но и заштита на граѓаните на Македонија, и се надеваме дека ако имаме ефективни резултати нема да има потреба да се преземат дополнителни мерки, но ако резултатите се негативни и загадувањето е на високо ниво тогаш ќе се преземат мерки за да ги заштитиме нашите граѓани“, вели Незири.
Владата неодамна одлучи порано да го стопира увозот на половни автомобили со поникси еколошки стандарди во земјава. Увозот на автомобилите со ЕУРО 2 стандард ќе може да се врши наместо до февруари 2016 година кој беше стар рок, најдоцна до 31-ви декември 2014 година кој е нов рок, и во кој би се завршиле оние постапки за увоз на ваков вид автомобили кои се веќе започнати.
Возилата со ЕУРО 3 стандард на моторот, пак, ќе може да се увезуваат најдоцна до 30-ти јуни 2015 година. Од 1-ви јули 2015 година увозот на автомобили ќе биде можен само доколку истите ја исполнуваат минималната норма ЕУРО 4 стандард на моторот.
Слично
