Ќе се рестартира ли Тутунскиот комбинат Куманово?
Владата вчера ја усвои Информацијата за имотот кој припаѓал на должникот Тутунски комбинат “Боро Петрушевски Папучар АД” од Куманово со цел да се испитаат можностите за рестартирање на комбинатот.
Владата ги задолжи Управата за јавни приходи и Агенцијата за управување со одземен имот, во договор со доверителите и сопствениците на имотот, или на дел од него, да влезат во процес со кој ќе ги уредат меѓусебните односи во постапката со која треба да се создадат услови за продажба на вкупниот движен и недвижен имот на потенцијалните инвеститори, се наведува во соопштението од Владата.
Последниот сопственик на комбинатот, Бајруш Сејдиу го купи контролниот пакет акции за 250.000 евра. Во акцијата „Пепел“ беше уапсен за организиран криминал и затајување данок и издржува затворска казна. Оваа фабрика во минатото важеше за гигант.
