ЌЕ СЕ РЕШИ ЛИ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА: Владата ќе дискутира
Минималната плата да биде 18 000 денари е барањето на ССМ, а за кое решение владата ќе се обиде да најде денеска.
Ова ветување го даде премиерот Ковачевски кој преку социјалните мрежи го најави решението уште денес.
Во влада денес ова прашање ќе се дискутира на седницата на Економскиот совет, а Сојузот на синдикати на Македонија се закани дека ќе блокира фабрики, економски зони, институции и патишта ако не се зголеми минималната плата на 18.000 денари.
Ковачевски потенцираше дека ветувањето ќе биде исполнето а владата е на страната на работниците .
Слично
