Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се продава велешката тулана „Киро Ќучук“

Ќе се продава велешката тулана „Киро Ќучук“
Велешката фабрика за производство на тули „Киро Ќучук“ оди на продажба. Неделава треба да биде распишан тендер со кој ќе се продаваат производствените погони, машините, транспортните средства, градежните објекти и хали на фабриката, одлучи Одборот на доверители на фабриката. На тендерот ќе се бара инвеститорот да ја задржи сегашната дејност, но без обврски кон вработените. Почетната цена за фабриката во стечај е 3,65 милиони евра. „Киро Ќучук“ вкупно должи околу 10 милиони евра, а најголем долг има за неисплатени даноци кон Управата за јавни приходи. Од парите од продажбата на објектот ќе бидат подмирени доверителите. Фабриката која е во стечај од февруари лани, беше еден од поголемите капацитети за производство на тули во поранешна Југославија и во неа работеа над 800 работници.  
Слично

Поврзани вести