Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се одликуваат иселеници за особени заслуги за Македонија

Ќе се одликуваат иселеници за особени заслуги за Македонија
Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, во рамки на проектот „Македонија памти“, објави јавен повик до македонските иселеници да достават иницијативи за доделување одликувања и признанија за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од дијаспората. Пополнетите апликации треба да се достават до Агенцијата на адреса улица Македонија бр. 19 или на Интернет адресата info@minisel.gov.mk, заклучно до 14 јуни 2014 година. Потоа апликациите ќе бидат проследени до Комисијата за одликување на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Иницијативата се реализира во соработка со пратениците од дијаспората, информираат од Агенцијата за иселеништво.  
Слично

Поврзани вести