Ќе се направи ли спогодба за стабилизирање на нафтените пазари?
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и државите кои не членуваат во неа се близу до постигнување спогодба за стабилизирање на нафтените пазари, најави Николас Мадуро, претседател на Венецуела.
Се очекува да се зголемат и стабилизираат цените на нафтата.
„Имавме долга билатерална средба со иранскиот претседател, Хасан Рохани. Близу сме до зделка меѓу земјите, кои се членки и кои не се членки на ОПЕК. Се надеваме дека овој месец ќе може да ја објавиме спогодбата со која ќе бидат стабилизирани пазарите, а исто така да се зголемат и стабилизираат цените на нафтата“ - изјави Мадуро.
Рохани, кој присуствуваше на самитот во Венецуела вели дека Иран ги поддржува сите чекори за стабилизирање на светскиот нафтен пазар и зголемувањето на цените.
Генералниот секретар на ОПЕК, Мохамед Баркиндо изјави дека земјите од организацијата може да свикаат вонреден состанок за разгледување на цените на нафтата, доколку постигнат согласност на неформалниот собир во Алжир овој месец.
Во Алжир собирот ќе се одржи на 27 септември.
Саудиска Арабија не е склона да го ограничи производството.
