Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ НАМАЛУВА ДДВ ЗА ДИГИТАЛНИТЕ УЧЕБНИЦИ: Кои се другите предлог измени на даночната регулатива

ЌЕ СЕ НАМАЛУВА ДДВ ЗА ДИГИТАЛНИТЕ УЧЕБНИЦИ: Кои се другите предлог измени на даночната регулатива

Рафајловски Консалтинг информира дека во собраниска процедура влегоа долго најавуваните измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност, Законот за данокот на личен доход и Законот за данокот на добивка. Во објава на Фејсбук наведува:

1. Измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност се во насока на:

• Оданочување на одредени производи за човечка исхрана коишто не се дел од основните производи потребни за човечка исхрана со повластена даночна стапка од 10 проценти;

• Намалување на стапката за прометот со менструални производи;

• Намалување на даночната стапка за дигиталните учебници;

• Доуредување на одредбите коишто го дефинираат местото на прометот на услуги;

• Воведување на терминот даночен застапник;

• Уредување на даночниот третман на прометот преку вредносни ваучери.

2. Измените и дополнувањата на Законот за данокот добивка се во насока на:

• Утврдување третман на непризнат расход на целиот износ на трошоците по основ на уплатени премии за осигурување на живот на вработените;

• Укинување на правото на намалување на пресметаниот данок за износот на донираните средства на спортски субјекти;

• Укинување на обврската за задолжително поднесување на извештаите за трансферни цени, односно пропишување обврска за нивно доставување само по барање на Управата за јавни приходи;

• Укинување на постојното ослободување од обврската за плаќање на годишен данок на вкупен приход на субјектите со остварен вкупен приход во годината до 3.000.000 денари.

3. Измените и дополнувањата на Законот за данокот на личен доход се во насока на:

• Отпочнување со оданочување на капиталните добивки остварени од продажба хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд;

• Промена на концептот на оданочувањето на капиталните добивки;

• Одложување на оданочувањето на каматите од орочени депозити;

• Укинување на прогресивното оданочување и оданочување на остварениот доход со единствена стапка од 10% и 15% за доход од игри на среќа, и др.


Слично

Поврзани вести