Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ НАЈДЕ ЛИ ЧАРЕ: Законот за јавно обвинителство заглавен меѓу политиката и правдата

ЌЕ СЕ НАЈДЕ ЛИ ЧАРЕ: Законот за јавно обвинителство заглавен меѓу политиката и правдата

Законот за јавно обвинителство е на маса.

Без консензус, се бара двотретинско мнозинство, заглавен меѓу политиката и правдата. Кој бега од правда и од носење на законот?

Опозицијата бара нов закон кој според лидерот ќе биде напишан од  професори и експерти, но надлежните од правда не го поддржаа ова барање на Мицкоски оценувајќи го како несериозно.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ сака да учествува во процесот, ги повикуваме да подготват амандмани на овој текст – сè останато е алиби за недонесување на законот и избегнување на правдата“, велат од Министерството за правда во врска со изјавата на Мицкоски за законот.

Она што го предложи првиот опозиционер е законот да биде составен од експертски тим во кој би биле вклучени професорите по уставно и казнено право Владо Камбовски, Гордана Силјановска, Никола Тупанчевски, Гордан Калајџиев, Тања Каракамишева и Гордана Лажетиќ.

Од друга страна пак власта смета дека законот за јавно обвинителство се изготвуваше долг временски период од работна група во која учествуваа домашни експерти, научната јавност, јавни обвинители, но исто така и странски експерти и дури странски јавни обвинители, кои даваат сугестии и мислења за одредени прашања поврзани со законот.

Слично

Поврзани вести