Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ НАЈДАТ ЛИ КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ ВО УО НА ТРИ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА – огласот на Владата со многу краток рок

ЌЕ СЕ НАЈДАТ ЛИ КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ ВО УО НА ТРИ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА – огласот на Владата со многу краток рок

Владата објави оглас со кој бара кандидати за членови на управните одбори на три јавни претпријатија, но зачудува податокот дека рокот за пријавување на овие огласи траеше само пет дена. 

Преку огласи поставени на веб страната на Владата, во делот јавни огласи и на веб страните на јавните претпријатија треба да се пополнат позиции кои важат за посакувани. Со оглед на краткиот рок за пријавување, се добива впечаток дека кандидатите се веќе познати, па само се формализира она што веќе е договорено.

Имено, со овие огласи се пополнуваат три позиции, и тоа станува збор за по еден член на управните одбори на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, на ЈП за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ и на ЈП Национална радиодифузија – Скопје.

Рокот за пријавување за сите три повици истече вчера, а условите за кандидатите се вообичеани како и кај повеќето огласи. Идните членови на управните одбори мора да се државјани на Македонија, да имаат високо образование (минимум 240 ЕКТС или VII/1 степен), со најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи и да немаат забрана за вршење професија или должност.

Единствено кај лицето кое ќе биде дел од УО на ЈП Национална радиодифузија, покрај овие услови се наметнуваат и дополнителни построги услови. Тоа значи дека за оваа позиција важат строги услови за неспојливост, односно кандидатите не смеат да бидат функционери, партиски лица, вработени во радиодифузни организации или да имаат економски интереси во медиумски компании.

Членовите на управните одбори ги именува Владата како основач на јавните претпријатија, и тие добиваат мандат до истекот на мандатот на тековниот состав, со право на уште еден последователен мандат. Но, овие лица не смеат да имаат личен или посреден деловен интерес со претпријатијата, што би влијаело на нивната независност и непристрасност.

Функцијата член на управен одбор е неспојлива со членство во Владата.

Според податоците на веб страните на ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, во УО членуваат седум лица, од кои еден е претседател, и еден заменик претседател, а останатите се членови. На веб страната е посочено декамоментални членови на УО се Александар Стојанов Претседател на Управен Одбор, Кенан Абди Заменик Претседател на Управен Одбор, како и Наташа Миладинова, Тони Петрески, Оркам Исмани, Маја Додевска Пешевска и Сумеа Мемедовска членови на УО.

Но, за останатите две јавни претпријатија на веб страните нема информации за членовите на УО.

П.О.

Слично

Поврзани вести