Ќе се лета од Скопје директно за Доха
За неколку месеци доколку сон ви беше да патувате во Доха, ќе може да го исполните.
Имено, од 17 јули ќе може да патувате директно од Скопје до Доха, бидејќи авиопревозникот Катар ервејз ги потврди редовните летови на релација Скопје – Доха – Скопје.
Според најавите на надлежните цените би биле поволни.
Министерот Владо Мисајловски потенцира дека остануваат на истиот курс, со иста политика, а тоа е привлекување на нови авиокомпании што ќе понудат нови дестинации со пристапни цени на билетите
Од ТАВ Македонија најавија преговори и со германската нискобуџетна авиокомпанија Еуровингс за воведување на две нови линии од аеродромот „Александар Велики“ при што се можни нови линии на релациите Скопје – Минхен – Скопје и Скопје – Дизелдорф – Скопје.
