Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се кратат европските пари за Босна и Херцеговина, нема договор за уставните измени

Ќе се кратат европските пари за Босна и Херцеговина, нема договор за уставните измени
Нема договор за уставните измени кои се услов за продолжување на европските интеграции на Босна и Херцеговина не постигнаа договор . Во Брисел, Штефан Филе со политичките лидери на Србите, Бошњаците и Хрватите од БиХ не постигна договор за двете клучни прашања, за функционирање на политичките институции и евроинтеграциите на БиХ, односно и третата рунда дијалог заврши без договор за клучните прашања кои се пречка за босанските евроинтеграции. Како што пренесоа агенциите од ЕУ предупредуваат дека кандидатурата на БиХ за членство во Унијата би можела да биде одложена на неопределено време. Според последните најави, Европската комисија ќе воведе санкции за Б и Х и ќе скрати 47 милиони евра или половина од средствата од фондовите на ЕУ идната година.  Во Брисел е соопштено дека поради непостоењето на договор е откажана најавената конференција за новинарите на европскиот комесар и водачите на седумте главни политички партии и премиерот на централната влада во Сараево, Република Српска и Федерацијата на БиХ.
Слично

Поврзани вести