Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се гради „Водениот град“ над Будва

Ќе се гради „Водениот град“ над Будва
Општинското собрание на Будва подготви одлука за издавање на закуп во траење од три децении на десет хектари земја за да се изгради „Водениот град“. Станува збор за проект на ридот Топлиш над Будва, кој две години е предмер на интерес за специјалниот обвинител Нина Ивановиќ, јави црногорски„Вијести“. Тогаш се испитуваа голем број прашања врзани за имплементација и подготовка на овој проект - како беа земени кредити,  што е со милиони долари вредната опрема купена пред седум години, која би требало да биде инсталирана на планината како рекреативна и туристичка атракција. „Водениот град“, прв од ваков вид, е дизајниран во 2006 година кога тогашниот министер за туризам Предраг Ненезиќ постави камен-темелник, но оттогаш работата застана освен што Општина вр себе го префрли 1,6 милиони евра кредитот земени од тогашниот партнер, компанијата „Нумерик трејд лимитед" за набавка на опрема.
Слично

Поврзани вести