Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се гради пруга од Кичево до границата со Албанија

Ќе се гради пруга од Кичево до границата со Албанија

Ќе се гради железничка пруга до Албанија. 

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за изградба на железничката пруга Кичево – граница со Р. Албанија во две фази, и го задолжи Министерството за финансии да достави Барање за изразување интерес до меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори за обезбедување на финансиски средства во износ од 426 милиони евра. 

Овие пари ќе бидат наменети за финансирање на првата фаза од проектот делница Кичево – Струга, како и грант средства за техничка помош на овој проект.

Владата ја усвои и Информацијата со која ја одобри апликацијата за тековни проекти на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје за финансирање преку грантови за техничка помош на Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF). 

Слично

Поврзани вести