Ќе се гради германска фабрика во Велес, најава за 500 нови работни места
Отворање над 500 нови работни места, инвестиции во погонот тешки 35 милиони евра и производство на делови за „мерцедес“, „ауди“ и „БМВ“. Ова се најавите на германската компанија „Marquardt GmbH”, која влегува на македонскиот пазар.
Според најавите, фабриката ќе се гради во Велес на површина од 15 илјади квадрати. Изградбата треба да почне во март до година, а ќе биде ставена во функција на почетокот на 2015 година.
Премиерот Никола Груевски, министерот за странски инвестиции, Веле Самак и потпретседателот за финансии на Marquardt, Луџер Шонекер, денеска го потпишаа договорот.
Според Самак, оваа инвестиција е од огромно значење за Велес и регионот.
„Со околу 75 милиони евра годишен извоз од високо-технолошки производи, Македонија и Велес стануваат места кои обезбедуваат перспектива за мултинационални компании", истакна Самак.
Убедени дека ја донесовме вистинската одлука,потенцираше Шонекер.
„Во Македонија наидовме на висок број на доброобразовани и мотивирани луѓе, добра средина за нашата инвестиција поддржана од бизнис-ориентираната Влада. Централната поставеност на земјата во југоисточна Европа во голема мера ја олеснува доставата до нашите други фабрики и клиенти",додаде тој.
Покрај директните, надлежните најавија дека фаброката ќе отвори и голем број индиректни работни места поврзани со влезот на германската групација во земјава.
Слично
