Ќе се градат фотоволтаични електрани кои ќе прават струја за 43 илјади домаќинства, ВМРО со критики
Државата ќе субвенционира производство на струја од сончева светлина.
Дека ќе се градат фотоволтаични електрани соопштија денеска вицепремиерот Анѓушев и министерот за економија Бектеши.
Според најавите тие електрани ќе се градат во три фази во следните три години во Свети Никола и Македонски брод.
Согласно новата мерка од Владата ќе се финансираат 200 мегавати фотоволтаични електрани.
Со реакција за оваа владина мерка се јавија од опозицијата.
Од таму велат дека „Според Член 11 од Уредба за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, планот е буџетот да се оптоварува во временски период од 15 години. Значи цели 15 години сите ќе ги плаќаме овие субвенции, независно од тоа дали и колку трошиме електрична енергија“.
