Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се формира заедничка група од македонски и бугарски експерти за железничко поврзување

Ќе се формира заедничка група од македонски и бугарски експерти за железничко поврзување

Владата денеска објави дека е прифатен усогласениот текст на Меморандум за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Скопје и Софија.

Меморандумот се очекува да биде потпишан од министрите за транспорт и врски за време на заедничката седница на двете Влади, која ќе се одржи утре.

„Со документот се изразува согласност за формирање на заедничка Работна група составена од експерти со соодветен професионален капацитет и експертиза во области како што се управување со проекти, европско и меѓународно право, инженерство и управување со финансии, со цел да се забрза процесот на подготвителните и имплементационите активности за Проектот.“, соопшти владата.
Работната група ќе се состанува најмалку четири пати годишно на експертско ниво за да работи на напредокот на спроведувањето на проектот. 

„Проектот за железничко поврзување Скопје-Софија“, е дел од процесот за градење на добрососедство и зајакнување на економската соработка помеѓу двете земји.

Слично

Поврзани вести