Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се чекаат подзаконски акти за да стартува социјалната пензија

Ќе се чекаат подзаконски акти за да стартува социјалната пензија

Пправо на шест илјади денари социјална пензија за околу 6.000 постари жители на Република Северна Македонија кои не успеале да остварат право на старосна пензија, а немаат никакви други приходи ќе започне да се применува со носењето на подзаконски акти. Предлог-законот за социјална сигурност за стари лица со кој е предвидено ова право е влезен во Собранието и чека ред кај пратенците за прво читање.

Исплатата на средствата може да се оддолжи повеќе месеци, особено затоа што е оставен простор неопходниот правилник да се донесе во рок од три месеци по неговото стапување во сила. Како и да е, во последниот член од Предлог-законот стои дека влегувањето во сила е осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник“, а примената од 1 јануари 2019 година.

Според предложениот закон, право на популарно наречената социјална пензија имаат државјани на Република Северна Македонија со навршени 65 години возраст, кои во последните 15 години имаат постојано место на живеење во државата, немаат имот и имотни права од кои можат да се издржуваат, не се корисници на пензија од Република Македонија или вид на исплата по основ на старост, инвалидност или доживување од друга држава, не остваруваат приходи и имаат пријавен пензиски стаж во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, или стаж на осигурување во траење помалку од 15 години.

Но, во заедниците во кои во брак или вонбрачно живеат две лица кои ги исполнуваат овие услови, социјална пензија ќе може да добие само едно од нив.


Слично

Поврзани вести