Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се цензурира интернетот во Турција?

Ќе се цензурира интернетот во Турција?
Турската Влада ја заострува контролата на интернетот. Новите предложени законски измени на турската владејачка Партија за слобода и правда ќе му обезбедат овластувања на министерот за транспорт и врски да ги блокира веб-сајтовите што ќе ја нарушуваат приватноста. Освен ова, со нив се принудуваат интернет провајдерите да чуваат информации за активностите на своите клиенти во мрежата и по потреба да го ограничат пристапот до сајтовите. Професорот по право на истанбулскиот Универзитет „Билги“, Јаман Акдениз е уверен дека новите мерки се политички мотивирани и имаат за цел да го прекинат слободниот проток на информации преку Интернет. Новиот закон може да го спречи објавувањето на интернет на информациите за корумпираност на високи чиновници и бизнисмени во Турција. Во Турција веќе дејствуваат филтри за заштита на децата од штетна информации, а за последните шест месеци Турција упатила 1.673 молби до „Гугл“ за отстранување на материјали. Оваа бројка три пати го надминува просекот на другите земји.
Слично

Поврзани вести