ЌЕ СЕ БИРА МЕЃУНАРОДЕН КОНСУЛТАНТ ЗА ПРЕГОВОРИ СО БЕХТЕЛ - ЕНКА: Коридорот 8 ќе се гради напролет
Меѓународна компанија ќе врши надзор и ќе биде консултант во проектот за изградба на Коридорот 8 кој треба да го гради американско-турскиот конзорциум Бехтел - Енка. Тендерот за избор на компанијата треба да биде објавен денеска или најдоцна утре, информира вицепремиерот Артан Груби на брифингот кој се одржува во седиштето на ДУИ во Мала Речица. Откако ќе се избере, впрочем таа фирма ќе преговара за сите детали за изградбата на коридорот со избраниот изведувач односно со Бехтел-Енка. Се очекува овој договор да се потпише во април, а изградбата на делниците долж коридорот на почне во мај.
Инаку овој декември Уставниот суд пресуди во корист на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ и не поведе постапка за оценување на уставноста на специјалниот Закон за изградба без тендер на автопатите од Коридорите 8 и 10.
-Голема одлука денеска во Уставниот суд. Надмината е и последната законска пречка за реализација на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата земја и сега ќе се преговара за градежен договор со компанијата „Бехтел–Енка“, објави тогаш првиот вицепремиер Груби.