Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се активира банкарска гаранција за бугарскиот конзорциум што работеше на пругата кон Грција?!

Ќе се активира банкарска гаранција за бугарскиот конзорциум што работеше на пругата кон Грција?!

Стопирана е изградбата на пругата Битола - Кременица кон Грција, која патем требаше да биде завршена пред два  месеци. Министерот за транспорт и врски, Владимир Мисајловски, вели дека бугарската фирма што работеше не го почитувала договорот. Тој е раскинат. Мисајловски најави и дека ќе биде активирана банкарската гаранција, но не даде детали колку изнесува банкарската гаранција.  

„Компанијата не го испочитува договорот, а како Влада мора да го заштитиме државниот интерес. Многу внимателно разгледувавме со ЕУ, бидејќи овој проект се гради со пари од ИПА средства, па сега процесот е во раскинат договор, а секако ќе се испочитуваат законските прописи кои важат во Македонија, и кои оставаат простор за активирање на банкарска гаранција“, изјави Владимир Мисајловски, министер за транспорт и врски.

За оваа делница што се гради со пари од ИПА фондовите, се доделени средства во износ од 20 милиони евра. Но, нема информација колку пари досега му се префрлени на бугарскиот конзорциум кој беше изведувач на проектот. 

Тоа е  особено важно затоа што подизведувачите, односно компаниите од земјава, што беа ангажирани да работат на терен токму од бугарскиот конзорциум, се пожалија дека не добиле пари за сработеното.

За ваквите проблеми со кои се соочија домашните компании, Мисајловски им порачува да превземат мерки согласно договорите што ги потпишале со бугарските компании од конзорциумот, бидејќи во тоа државата немала никаква улога.

„Им ја објаснив состојбата и на менаџерите од овие компании кои биле подизведувачи, и мислам дека ме разбраа, затоа што тие имаат потпишано договори кои не се со согласност од министерството, и ние тука немаме ништо, тие треба да постапат согласно потпишаните договори “, изјави Мисајловски.

Мисајловски најави нов тендер за избор на нова компанија што ги доврши изградбата на пругата, но за тоа вели дека чека инструкции од ЕУ. Со оглед декаа земјава е во предизборен период,  веќе е извесно дека тоа нема да се случи до крајот на годинава,  што пак значи комлетно пролонгирање на изгрдбата на пругата во должина од 17 километри, која требаше да биде готова пред два месеци, но таму засега се е изграден само незначителен дел. А, ВМРО-ДПМНЕ,  во својот отчет, објавен пред неколку месеци веќе најавува дека оваа пруга ќе биде изградена следната година, но без прецизен рок. 

„ Изградба на пруга од Битола до Кременица (Република Грција). Со овој проект се предвидува пругата од Битола до Кременица да се направи оперативна, со што ќе се изгради и еден крак до индустриската зона Жабени. Вредноста на проектот е 18,9 милиони евра, а рокот на завршување е 2017 година“, пишува  во отчетот на ВМРО-ДПМНЕ.

Р.Ф.


Слично

Поврзани вести