Ќе расте увозот на гас, ќе се намалува увозот на струја
Каков е енергетскиот биланс годинава? Македонија годинава ќе увезува за 27.5 % помалку струја, во однос на минатата година, но пораст на потрошувачката ќе има за следниот 4 годишен период.
Според предвидувањата на овој документ, пораст на потрошувачката ќе има кај сите видови енергија и енергенти. Се предвидува најголем пораст од 38,8 отсто да има потрошувачката на природен гас. Кај геотермалната енергија порастот ќе биде за 17,5 отсто, а за останатите видови на енергија се предвидува пораст од 5 отсто.
Финалната потрошувачка на енергија во Македонија во 2014 година ќе изнесува 76.565 тераџули или за 2,3 отсто повеќе во однос на 2013, додека примарната потрошувачка на енергија ќе биде 118.945 тераџули, односно за 2,6 отсто повеќе од лани.
Оваа година увозот на електрична енергија според планот, треба да изнесува 1.666 гигават-часови и да биде за 27,5 отсто помал во однос на 2013 година заради најавеното производство на ТЕ-ТО Скопје од 871 гигават-час за 2014. Лани овој капацитет произведе 554 гигават-часови електрична енергија.
Енергетскиот биланс за периодот 2014-2018 предвидува пораст во потрошувачката кај сите видови енергија и енергенти при што најголем пораст се очекува кај природниот гас за 38,8 отсто и геотермалната енергија за 17,5 отсто, а за останатите видови порастот е помал од 5 отсто.
Слично
