Ќе растат пензиите, социјалната помош, платите, нема криза за Буџетот!
Шефот на македонската Влада Никола Груевски денеска ја потврди веста што претходно беше објавена, дека годинава пензионерите, социјалците и вработените во државната администрација ќе добијат за пет отсто поголеми примања. Тој истакнува дека тоа било предвидено во буџетот за 2014 година и истото ќе биде исполнето.
„Тоа наше ветување ќе биде реализирано согласно овие рокови што ги кажав", изјави премиерот Груевски кој во неделата присуствуваше на промоцијата на нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност".
Пензиите и социјалците своите покачувања ќе ги добијат в март, а платите ќе пораснат во септември.
Според него во време кога поголем дел од земјите ги намалуваат платите, пензиите поради европската должничка криза, земјава поради стабилната економска политика и правилното управување со буџетските средства има можност, начин и сила да дозволи зголемување на истите.
Во исто време Груевски најави бесплатно ин-витро оплодување за второ дете.
„Ин витро за второ дете е проект кој го највивме минатата година. До лани се одвојуваа 60 милиони денари, а веќе годинава се предвидени 150 милиони денари затоа што се планира дека во првата година ќе има и малку поголем наплив за бесплатно ин витро за второ дете“, рече премиерот Груевски додавајќи дека по бесплатното ин витро за прво дете, сега државата излегува во пресрет на граѓаните со истата поволност и за второ дете.
Слично
