Ќе растат пензиите - почна дијалогот на оваа тема
Во Владата денеска се одржа првиот отворен дијалог за новата методологија која ќе понуди одржлив и континуиран раст на пензиите. Методологијата треба да ја одржи постигнатата стабилност на Пензискиот фонд.
На средбата во Владата присуствуваа претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери како и Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
„Ова значи придобивка за околу 330.000 наши граѓани, пензионери. Создаваме методологија, систем според кој пензионерите ќе имаат сигурност, извесност и покачувањето на нивните пензии нема да зависи од нечија политичка волја или од тоа дали ќе има избори. Носиме решение на долг рок“, истакна Битиќи.
Тренчевска вели дека нашите пензионери имаат право на достоинствена старост, пристоен и мирен живот во своите зрели години.

„Затоа што речиси целиот свој живот придонесувале за нашата држава и сега е моментот кога ние треба да им возвратиме за целиот нивен влог“, рече министерката.
Јануарските пензии оваа година беа зголемени за 2.9 отсто, што е најголемо зголемување досега. Откако е донесена одлука за зголемување на минималната плата на 18.000 денари, се отвори и прашањето за зголемувањето на пензиите.

Слично