Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ РАБОТАТ СО СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ: Германците ќе се спасат од масовни отпуштања

ЌЕ РАБОТАТ СО СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ: Германците ќе се спасат од масовни отпуштања

Во Германија, во идните три месеци, се очекува 8,5 проценти од 2.000 анкетирани индустриски фирми да го скратат работното време. 

Тоа е највисок процент од  2013 година наваму. Фирмите планираат да го намалат работното време за да се спасат од масовни отпуштања.

Германската индустрија има пад на работните активности од средината на минатата година.

Невработеноста малку се намали во јуни во споредба со мај. Ова го покажуваат податоците на Федералната канцеларија за труд.

Стапката на невработеност во земјата е пет проценти.

Многу компании претходно воведувале скратено работно време во периодот на рецесијата во 2008 и 2009 година.

Тогаш компаниите барале од владата на работниците да им се исплати надоместок за намалени плати со цел да се зачуваат работните места.

Слично

Поврзани вести